Во областа Јабланица, на југот на Босна и Херцеговина, во саботата на 30 ноември започна санацијата на железничката пруга, која беше оштетена пред речиси два месеци во поплавите.
Од рано утрото на терен се багери и камиони.
Почетокот на работите е најавен на средба на министерот за транспорт и врски на Федерацијата Босна и Херцеговина и раководството на компанијата „Желјезнице ФБиХ“, железничкиот оператор во Босна и Херцеговина.
На средбата беше посочено дека станува збор за чистење на локациите на кои е оштетена железничката пруга како прва фаза за санација и реконструкција на инфраструктурата.
Работите на финалната реконструкција на железничката пруга, како што е најавено, ќе се изведуваат по добивање одобрение за реконструкција. Но, ниту од раководството на Железницата, ниту од надлежното министерство не кажаа децидно колкав е рокот за реконструкција на пругата.
Видете и ова: Волонтери го чистат Јабланичкото езеро по поплавите во БиХВо соопштението по состанокот во Мостар во петокот, беше посочено дека Железниците ФБиХ и ентитетското Министерство за транспорт и врски добиле писмо со намери од турската градежна компанија Џенгиз Инсаат Санаи ве Тиџарет да донираат работи за чистење, рехабилитација и реконструкција на пругата.
Се понудија и да се обезбеди проектна документација за извршување на работите.
Прекинатата железничка комуникација на југот на БиХ ја претставува економската енергија на земјата, поврзувајќи ја БиХ со Европа и светот преку пристаништето Плоче.
Поради бавноста на реконструкцијата, во неколку наврати протестираа жителите на Долна Јабланица, како и работниците на некои од фабриките во Босна и Херцеговина чие работење е доведено во прашање поради долгиот прекин на железничкиот сообраќај.
На овој потег претходеа бројни и отворени критики во јавноста, бидејќи реконструкцијата не започна ниту два месеци по поплавите кои ја зафатија и Долна Јабланица.
Владата на БиХ го разреши раководството на Железниците на ФБиХ и назначи привремено.
Во неколку наврати се организираа протести поради непреземање конкретни чекори за поголема помош на жителите.
Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина на 20 ноември го разреши поранешниот директор на Железниците на Федерацијата Босна и Херцеговина, обвинувајќи го дека не започнал со реконструкција на пругата во Јабланица.
Тогаш владата ги задолжи министерствата за финансии и транспорт и врски да обезбедат пари за санирање на штетите на железницата.
Во поплавите и одроните што на 4 октомври ги погодија Херцеговина и централниот дел на БиХ загинаа вкупно 27 лица, а вкупната штета изнесува 270 милиони марки (околу 138,5 милиони евра).