Новинар на РСЕ нападнат на протестите во Грузија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Видеото го прикажува моментот кога новинарот на Радио Слободна Европа (РСЕ), Давит Цагарелиа, беше нападнат додека известуваше во живо од главниот град на Грузија, Тбилиси, на 29 ноември. Тој известуваше од протестите кои се случија откако владејачката партија „Грузиски сон“ објави дека ги прекинува преговорите за пристап во ЕУ до 2028 година.