Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори

Прв криг на претседателски избори во Романија.

Романците гласаат на 24 ноември во првиот круг од претседателските избори, на кои во вториот круг би можело да ги спротивстави екстремно десничарскиот националист против актуелниот левичарски премиер.

На изгорите се натпреваруваат 13 кандидати, а вториот круг од гласањето се очекува на 8 декември.

Видете и ова: Чиолаку во водство по излезните анкети, најверојатно втор круг претседателски избори во Романија

Во последното гласање, Георг Симион, водач на екстремно десничарската Алијанса за единство на Романците, или АУР, би можел да се соочи со актуелниот премиер Марсел Чиолаку, кој е поддржан од најголемата романска партија, Социјалдемократската партија или ПСД.

Претседателот има петгодишен мандат и значителни овластувања за одлучување во области како што се националната безбедност, надворешната политика и судските назначувања.

На 1 декември во Романија ќе се одржат и парламентарни избори на кои ќе се одреди идната влада и премиерот на земјата.