Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО.
„Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер на мрежата Х.
Радмила Шекеринска е прв висок функционер од Западен Балкан во НАТО. Одигра клучна улога во зачленувањето на Северна Македонија во Алијансата, а како вицепремиерка за евроинтергации ја поднесе кандидатура за членство во ЕУ во 2005.
Видете и ова: Шекеринска - првата жена од Западен Балкан на висока функција во НАТОПоранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ќе стане нов заменик - генерален секретар на НАТО, објави воената Алијанса на 19 ноември.
Со ова назначување таа стана највисокиот функционер во Алијансата досега што доаѓа регионот на Западен Балкан, но и од земја надвор од Европската унија.
Пополнувањето на заменичката позиција беше приоритет за генералниот секретар Марк Руте, кој ја презеде оваа функција на 1 октомври, по 14 години како холандски премиер.
Неколку функционери на НАТО, кои зборуваа под услов да останат анонимни, за РСЕ изјавија дека постои силна желба заменикот на генералниот секретар да доаѓа од Централна и Источна Европа и дека е подобро да биде жена.
Видете и ова: Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТОПретходно Руте изјави дека приоритет на Алијансата ќе остане да се обезбеди одбрана на земјите-членки.
,,Една работа нема да се промени, а тоа е основната мисија на НАТО – да обезбедиме одбрана на нашите луѓе, на нашите земји и на нашата иднина,, потенцира Руте.
Шекеринска, која беше министерка за одбрана на Северна Македонија 2017-2022 година, одигра клучна улога во процесот на пристапување на земјава во НАТО во 2020 година.