Министерството за надворешни работи во Минск соопшти дека Белорусија стана земја партнер на БРИКС откако претседателот Александар Лукашенко на 5 ноември преку писмо го информира рускиот колега Владимир Путин, за подготвеноста на земјата да се приклучи на организацијата како партнер.
Лукашенко во писмото наведува дека БРИКС од своето формирање континуирано ја зајакнува мултилатералната интеракција, станувајќи не само симбол, туку и еден од столбовите на мултиполарноста.
Видете и ова: Лукашенко со нов бран помилувања на политички затворенициСтатусот на земја-партнер предвидува континуирано учество на специјални сесии, на самити и состаноци на министрите за надворешни работи на БРИКС.
Исто така, можно е да се поканат партнерите и на настани на министерско ниво, особено за трговија, на состаноци со претставници за националната безбедност и на парламентарни форуми. Партнерите можат да се приклучат на финалните документи на БРИКС.