Обвинителството отворило предистрага за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата на национална безбедност, откако во јавноста се отвори сомнеж за сертификатите коишто ги поседува за да ја извршуваа функцијата. Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека до нив пристигнале две анонимни пријави, кои се споени во една, а предметот е веќе распореден кај јавен обвинител.
Предмет за назначувањето на Христовски, претходно отвори и Антикорупциската комисија, која во моментов ја прибира потребната документација.
Обвинителството веќе постапувало во случаи кадешто предмет на проверки биле токму сертификати издадени од оваа школа, за што се изречени и пресуди. Две директорки кои употребиле ТОЕФЛ-сертификат од истата компанија од Бугарија од каде што е сертификатот на Христовски, признале вина дека документот им е фалсификат и се осудени на по две години затвор, казна која нема да се изврши ако не сторат кривично дело во следните четири години.
Видете и ова: Две директорки осудени на условна за лажни сертификати од фирмата од која потекнува и сертификат на директорот на АНБ ХристовскиОбвинителството неодамна соопшти дека ќе ја почека одлуката на Антикорупциската комисија, а одлуката на ДКСК ја чека и премиерот Мицкоски.
Видете и ова: Премиерот во одбрана на директорот на АНБ, достави лажни сертификати од директори на СДСМВладата на седница на 16 октомври го разреши дотогашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначи Бојан Христовски.
Христовски на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.
Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври 2021 година, тој краток период беше директор на јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“, но замина од позицијата во септември 2022 кога почнаа недоразбирањата меѓу партијата и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.