Борел: Со неусвојувањето санкции против Русија, Србија ризикува полноправно членство во ЕУ

Знамиња на ЕУ и Србија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ја предупреди Србија дека со неусвојувањето санкции против Русија, земјата ризикува полноправно членство во европскиот блок.

„Србија мора да го промени степенот на усогласеност на надворешната политика. Порано или подоцна, Србија ќе мора да се усогласи со надворешната политика на ЕУ. Во спротивно, членството ќе биде загрозено“, рече Борел.

Тој рече дека не може да одржува врски со Русија и да очекува членство во ЕУ.

„Усогласеноста е најзначајниот показател дали кандидатите ги споделуваат нашите вредности и нашата политичка ориентација“, рече шефот на европската дипломатија.

Заедно со европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, Борел го претстави пакетот за проширување усвоен од Европската комисија (ЕК).

Извештајот за Србија потврдува дека земјата не напредувала во процесот на хармонизација и дека одржувањето на односите со Русија „покренува прашања за стратешката насока на Србија“.

Видете и ова: Фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер поради неговата средба со руски министер

Пакетот за проширување го потврди новиот моментум во процесот

Европската комисија го усвои својот годишен пакет за проширување за десетте земји кои се дел од процесот на проширување.

Тоа е најважниот документ што ЕК го објавува секоја година, а во кој е даден детален преглед на напредокот во клучните реформи кои се неопходни за напредок во процесот на европската интеграција.

Десет земји се дел од пакетот, меѓу кои Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Грузија, Република Молдавија, Украина и Турција.

Видете и ова: Извештај на ЕК: Нема уставни измени на кои државата се обврза

ЕК потврдува дека процесот на проширување продолжува да се заснова на заслуги и зависи од објективниот напредок на секој партнер.

„Демократијата, владеењето на правото и основните вредности ќе продолжат да бидат камен-темелник на политиката за проширување на ЕУ, а членството во европскиот блок останува стратешки избор“, се вели во соопштението на ЕК.

Процесот на проширување доби нов замав во текот на 2023 и 2024 година. Се отвори кластер со Албанија, беа отворени пристапните преговори со Украина и Молдавија, а Црна Гора излезе од повеќегодишниот застој во процесот на преговори за членство.

Покрај напредокот во владеењето на правото, ЕК потврди дека напредокот на европскиот пат за Србија и Косово зависи и од напредокот во дијалогот за нормализација на односите.

„Напредокот кон ЕУ и изнаоѓањето решенија во дијалог и интеракција се меѓусебно зависни. Тие бараат напор, но на крајот, напорната работа се исплати“, рече шефот на европската дипломатија Борел, изразувајќи надеж дека Србија и Косово ќе го спроведат договорот постигнат од лидерите на овие земји во 2023. во Охрид.