Велика Британија воведе санкции за уште 18 руски танкери со нафта и четири танкери за течен природен гас. Владата го оцени ова како најголем потег што го направила против московската „флота во сенка“, која ги заобиколува рестриктивните мерки на Западот по неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина.
„Влезот во британските пристаништа ќе биде забранет за уште 18 бродови на „флотата во сенка“ и нема да можат да пристапат до водечките светски поморски услуги, со што вкупниот број на санкционирани танкери ќе се искачи на 43“, се вели во соопштението на Владата.
Се проценува дека танкерите со нафта, цел на најновите санкции, превезле нафта вредна 4,9 милијарди долари во изминатата година.
Видете и ова: Сијарто: Унгарија и Гаспром преговараат за дополнителни испораки на гасСпоред соопштението, под санкции е ставена и руската гасна компанија „Русгаздобича дд“.
„Да го органичам Кремљ стана моја мисија, затворајќи ја мрежата околу [рускиот претседател Владимир] Путин и неговата мафијашка држава користејќи ја секоја алатка што ми е на располагање“, изјави министерот за надворешни работи Дејвид Лами.
Со цел да се заобиколи најстрогиот пакет нафтени санкции што го воведоа западните земји, во 2022 година, според светските медиуми, Русија купила голем број стари танкери за да продолжи да испорачува нафта, која останува нејзиниот главен извор на приходи и клучно за финансирање на инвазијата врз Украина.