Рускиот претседател Владимир Путин денеска (11 октомври) се сретна со неговиот ирански колега, Масуд Пезешкијан, додека кризата на Блискиот Исток се заканува дека може да излезе од контрола.
Средбата е во Ашхабат, на маргините на конференцијата во главниот град на строго контролираната централноазиска земја Туркменистан. Ова е прва од двете средби меѓу двајцата, а следна е закажана на самитот на БРИКС во рускиот град Казан, кој ќе се одржи од 22 до 24 октомври.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред средбата изјави дека иако разговорите ќе се фокусираат на билатералните односи, „ситуацијата на Блискиот Исток дефинитивно нема да биде игнорирана и исто така ќе биде на дневен ред“.
Средбата е прва меѓу двајцата претседатели откако Пезешкијан ја презеде функцијата на 30 јули, по победата на изборите за наследник на Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај.
Односите меѓу Москва и Техеран се зајакнаа откако Кремљ ја почна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Од раните месеци на војната во Украина, Русија беше обвинета за користење на беспилотни летала Шахед и Мохаџер-6 од иранско производство, од кои многу беа пронајдени откако беа соборени над украинските градови и боишта.
Иран првично негираше дека ја вооружува Русија пред да попушти и да признае дека ѝ доставил „ограничен број беспилотни летала“ на Москва пред војната.
Видете и ова: Бајден и Нетанјаху разговарале за израелскиот одговор на нападот на ИранИ покрај доказите за спротивното, Техеран продолжува да негира дека неговите беспилотни летала се користат од Русија против Украина. Тоа не ги спречи САД и Европската унија да воведат санкции против Иран поради помошта на Москва.
Минатиот месец ЕУ соопшти дека има „веродостојни“ информации обезбедени од сојузниците кои сугерираат дека Иран ѝ доставил балистички ракети со краток дострел на Русија за да ѝ помогне на Москва во војувањето со Украина.
Во меѓувреме, тензиите на Блискиот Исток се засилени откако Техеран лансираше околу 200 проектили врз Израел на 1 октомври, велејќи дека нападот бил одговор на убиството на милитантните лидери поддржани од Техеран и на генерал од иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда.
Израел вети дека ќе изврши „смртоносен, прецизен и изненадувачки“ напад врз Иран како одмазда, додека продолжува да гаѓа цели во Либан и во Појасот Газа за кои вели дека се насочени кон посредници поддржани од Иран.
Неодамнешната спирала на насилство беше предизвикана од нападот врз Израел од страна на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 250 беа земени како заложници. Хамас е прогласен за терористичка организација од страна на САД и Европската унија.
Видете и ова: Еден избегнат атентат и 22 загинати во израелски напад на БејрутБорбите во Газа поттикнаа друга група поддржана од Иран, Хезболах, да истрела проектили кон Израел како поддршка на Хамас. Хезболах е означен како терористичка организација од страна на Соединетите држави, додека ЕУ го става на црната листа нејзиното вооружено крило, но не и нејзината политичка партија.
Како одговор, израелската војска започна масовни воздушни напади врз Бејрут и јужен Либан, како и копнен упад во јужен Либан со цел да се уништи милитантната група, сојузничка на Иран, чија политичка партија има места во либанскиот парламент.