Американскиот претседател Џо Бајден ја нагласи потребата од дипломатски договор за враќање на либанските и израелските цивили во нивните домови од двете страни на израелско-либанската граница во разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 9 октомври, соопшти Белата куќа.
Оттаму додаваат дека Бајден, исто така, го осудил иранскиот балистички ракетен напад врз Израел на 1 октомври.
Бајден „го потврди правото на Израел да ги заштити своите граѓани од Хезболах, кој само во изминатата година истрела илјадници проектили и ракети кон Израел, истовремено нагласувајќи ја потребата да се минимизира штетата на цивилите, особено во густо населените области на Бејрут“, се наведува во соопштението.
Бајден претходно разговарал со Нетанјаху за плановите на Израел да му возврати на Иран за ракетниот напад минатата недела, според изјавите од Белата куќа и од кабинетот на израелскиот премиер на 9 октомври.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека Бајден и Нетанјаху „се договориле да останат во близок контакт во наредните денови и директно и преку нивните тимови за национална безбедност“.
Видете и ова: Како сеопфатната војна Израел - Иран ќе влијае на глобалната економија?Повикот доаѓа во време на ескалација на тензиите меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран, вооружена група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан.
Блискиот исток е на „работ“ одека го чека очекуваниот одговор на Израел на главно неефикасниот ракетен напад на Иран, кој Техеран го изврши како одмазда за ескалацијата на Израел во Либан, вклучително и убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во видео објавено на израелските медиуми рече дека одговорот на Израел „ќе биде смртоносен, прецизен и пред се изненадувачки“.
Бајден минатата недела рече дека нема да го поддржи Израел да ги нападне иранските нуклеарни локации како дел од неговата одмазда. Тој, исто така, рече дека, ако е во кожата на Израел, ќе размислува за алтернативи за напад на иранските нафтени полиња.