Во израелски напади загинаа најмалку 12 Палестинци, вклучително и девет членови на исто семејство во северниот и централниот дел на Појасот Газа, објави рано на 9 ноември официјалната новинска агенција на палестинската управа ВАФА.
Девет членови на семејството се убиени во напад на нивниот стан во населбата Шејаја во северниот дел на Газа, објави ВАФА, повикувајќи се на лекари од палестинската Црвена полумесечина.
Во израелскиот напад, уште тројца други се убиени во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, меѓу кои и едно дете, а неколкумина се ранети, додаде ВАФА.
Војната во Газа започна откако Хамас, наведен како терористичка организација од САД и Европската унија, го нападна јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и зеде 250 заложници.
Видете и ова: Бајден и Нетанјаху ќе разговараат за израелскиот одговор на нападот на ИранПо масакрот на Хамас, главно на цивили, Израел започна офанзива против Газа.
Според Министерството за здравство на Газа, под контрола на Хамас, во борбите загинале повеќе од 42.000 луѓе. На таа палестинска територија живеат околу 2,3 милиони луѓе.
Израелската војска на 7 октомври објави дека минатата година бомбардирала повеќе од 40.000 цели во Газа, открила 4.700 тунели и уништила 1.000 локации за лансирање ракети.
Конфликтот во Газа се уште трае, додека Израел сега се бори на друг фронт во јужен Либан против Хезболах.
Утрото на 7 октомври, Хезболах, прогласена за терористичка организација од страна на САД, истрела ракети врз северните израелски градови Хаифа и Тиберија, предизвикувајќи штета и некои полесни повреди, според израелската полиција.
Видете и ова: Како сеопфатната војна Израел - Иран ќе влијае на глобалната економија?Европската унија го стави на црната листа вооруженото крило на Хезболах, но не и неговото политичко крило, кое има места во либанскиот парламент.
Во последните неколку недели, Израел ги бомбардира јужните предградија на Бејрут и врши копнеен упад во јужен Либан во обид да го уништи Хезболах.
Кампањата на Израел против Хезболах го натера покровителот на групата, Иран, да одговори со напад врз еврејската држава со низа ракети, од кои огромното мнозинство беа уништени од израелската противвоздушна одбрана без да предизвикаат значителна штета, но нападот ги оживеа стравувањата од ширење на конфликтот во регионот.