Експерти на ОН изразија солидарност со палестинскиот народ, по повод годишнината од нападот на Хамас врз Израел и почетокот на војната во Појасот Газа, нагласувајќи дека акциите на израелската армија против Палестинците претставуваат воени злосторства и потенцијални злосторства против човештвото.
„Како резултат на тоа, Меѓународниот суд на правдата (МСП) предупреди дека постои реална и непосредна опасност од непоправлива штета на правото на Палестинците да бидат заштитени од геноцид“, предупредија експертите на ОН во заедничката изјава.
Видете и ова: Израел ја одбележа годишнината од инвазијата на Хамас, нападите врз Либан и ГазаЕкспертите на ОН нагласуваат дека меѓународните судски механизми, ОН и меѓународната заедница треба темелно, непристрасно и независно да ги истражат овие наводи, да воспостават команден синџир, да ги гонат и казнат сторителите и да обезбедат целосна репарација за жртвите и нивните семејства.
„Продолжуваме да апелираме до меѓународната заедница да обезбеди прекин на трансферот на оружје од држави и компании за Израел, вклучително и преку полномошници, со цел да се избегне одговорноста за воени злосторства и злосторства против човештвото со соучесништво“, додаваат експертите во заедничката изјава.
Видете и ова: Нападот на Хамас врз Израел ја ослабна, но не ја уништи иранската „Оска на отпор“Експертите на ОН, исто така, изразија загриженост за ширењето на насилство и непријателства во другите земји од регионот, особено за ескалацијата во Либан, која досега резултираше со смрт на повеќе од 2000 лица, вклучително жени и деца, со повеќе од 9500 ранети лица и раселување на стотици илјади.
Тие ги повикаа сите страни во конфликтот веднаш да ги прекинат непријателствата, да ги почитуваат резолуциите на ОН и привремените мерки на МСП за Израел и Газа, да разменат заложници, вклучително и Палестинците во израелските затвори, да дозволат неограничен пристап на независните експерти на ОН до Израел и окупираната палестинска територија, како и спроведување истраги за прекршување на меѓународното право и запирање на ескалацијата во регионот.