Силна експлозија одекнала во средата (2 октомври) околу полноќ во Зубин Поток, општина на северот на Косово со мнозинско српско население.
Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани за Радио Слободна Европа потврди дека полицијата по детонацијата излегла на терен и констатирала пожар во станбена зграда во изградба.
Тој додаде дека на местото на несреќата се противпожарни бригади и полиција, но дека причината за експлозијата не е позната.
Во експлозијата нема повредени.
Актуелниот градоначалник на Зубин Поток, Измир Зеќири изјави дека запалената зграда е сопственост на поранешниот градоначалник Стеван Вуловиќ. Тој го осуди нападот и апелираше до властите да ги откријат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.
„Слични напади врз животот и имотот на граѓаните се неприфатливи и нема да не спречат да се залагаме за мир“, напиша Зеќири на Фејсбук.
Видете и ова: Експлозија во близина на бензинската пумпа во ЗвечанЗеќири неодамна на Фејсбук објави заедничка фотографија со Стеван Вуловиќ.
Вуловиќ беше градоначалник на Зубин Поток пред партијата Српска листа од 2013 до 2018 година, кога тој и другите градоначалници од северот на Косово поднесоа оставки бидејќи Владата на Рамуш Харадинај воведе 100 отсто даноци за увоз на стоки од Србија.
Тогаш тој изјави дека е исклучително среќен што поднел оставка, бидејќи „го носел товарот да биде градоначалник на косовските институции“.
Видете и ова: Продолжуваат блокадите кај косовско-српската граница, затворени премините Мердаре и БрњакСилна експлозија во саботата вечерта ги вознемири и граѓаните на Звечан, кога во близина на бензинска пумпа била фрлена експлозивна направа. На северот на Косово ваквите ситуации не се ретки во последните години.
Фрлањето експлозивни направи и палењето автомобили зачестија, особено во периодот на пререгистрацијата на автомобилите од српски на косовски регистарски таблички.