Украина тврди дека руските сили убиле заробеници кои се предале
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Главниот украински обвинител соопшти дека почнале истрага за, како што рече, најмасовниот случај на егзекуција на украински воени заробеници на линијата на фронтот од страна на руските сили. Снимката од беспилотно летало што се појави на 1 октомври, наводно, покажува како руските војници пукаат во 16 украински војници кои се предале.