Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ не даде согласност на предложената владина одлука за учество на припадници на хрватската армија во мисијата за поддршка на Украина, соопштено е на 1 октомври.
„Хрватска на кој било начин не може значително да влијае на војната во Украина, ниту може да ја запре. Но, со промислена и одговорна политика на државните органи, може да го спречи ширењето на војната кон хрватските граници и да обезбеди мир и безбедност за сите хрватски граѓаните“, рече Милановиќ додавајќи:
„Затоа одбив да дадам претходна согласност за одлуката за учество на хрватската армија во мисијата за поддршка на Украина“, изјави Милановиќ, а пренесе прес-службата на претседателот на Хрватска.
На веб-страницата на претседателот на Хрватска, се наведува дека хрватската Влада преку министерот за одбрана побарала од претседателот и врховниот командант на вооружените сили претходна согласност за предложените одлуки за учество на хрватските војници во мисии, операции и активности на НАТО алијансата, Европската унија и Обединетите нации.
Видете и ова: Првиот ден на Марк Руте на чело на НАТОСпоред Уставот на Хрватска, сите предложени одлуки ги донесува хрватскиот Сабор со мнозинство гласови од сите пратеници доколку претседателот на државата даде претходна согласност за одлуките.
Доколку претседателот не даде согласност, хрватскиот Сабор може да донесе такви одлуки само со двотретинско мнозинство од сите пратеници.
Како што се наведува во соопштението, Владата побарала одобрение за 13 одлуки, меѓу кои и продолжување на учеството на воениот персонал во операциите на НАТО КФОР и СЕА ГАРДИЈАН, како и во мисијата во Ирак.
„Претседателот не даде претходна согласност само за одлуката за учество на припадници на хрватската армија во активностите на НАТО за безбедносна поддршка на Украина (НСАТУ)“, се наведува во соопштението.
„Таа мисија потенцијално може да има штетно влијание врз националните интереси на Република Хрватска“, рече Милановиќ.
Видете и ова: Хрватска ќе набавува ракетни фрлачи ХИМАРС од САДНајавено е дека Уставот на Хрватска предвидува Владата да побара од хрватскиот Сабор да гласа за предложената одлука и доколку предложената одлука на Владата добие поддршка од две третини од пратениците, одлуката ќе стапи на сила и претседателот ќе ја почитува.
Милановиќ потсети дека владиниот предлог се заснова на одлуката на НАТО од состанокот во јули годинава во Вашингтон, на кој учествуваше и тој, но дека не се спротивставил на таа одлука на ниво на НАТО, бидејќи самите земји членки одлучуваат дали и на кој начин сакаат да учествуваат во таа активност.