Најмалку 90.530 лица се пријавени како новораселени во Либан, а речиси 40.000 се во 283 засолништа, соопшти денеска (25 септември) Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Жители од северот на Израел и југот на Либан беа принудени да ги напуштат своите домови во текот на речиси една година судири меѓу Израел и либански Хезболах и други вооружени групи кои се борат против Израел.
Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) во Либан изрази сериозна загриженост поради ескалацијата во Либан.
Вкупно 200.000 луѓе биле раселени во Либан откако проиранскиот Хезболах почна да испукува ракети кон северен Израел, на 8 октомври минатата година, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.
Видете и ова: Папата ја осуди ескалацијата на насилството во Либан, бара интервенција од меѓународната заедницаОд понеделникот, израелските воздушни напади се насочени кон упоришта на проиранското исламистичко движење Хезболах на југот и на истокот на Либан, како и во јужните предградија на Бејрут. Во нападите загинаа повеќе од 550 луѓе.
Во меѓувреме, либански Хезболах соопшти дека истрелал балистичка ракета кон Израел, а целта била седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад, недалеку од Тел Авив Израелската армија соопшти дека ја пресретнала ракетата, и дека таа била првата време кога Хезболах гаѓаше цели во близина на Тел Авив.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5