Генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси, рече дека гледа поголема волја кај иранските власти по разговорите во Њујорк да се ангажираат позначајно со МААЕ кога станува збор за иранската нуклеарна програма.
Гроси изрази надеж дека во октомври ќе отпатува за Техеран на средби со ирански претставници.
Видете и ова: За САД оживувањето на нуклеарниот договор не е во агендата, Иран повикува на „нови преговори“,Тој рече дека иранската нуклеарна програма продолжува да се развива со предвиденото темпо, поради што би сакал да ги забрза напорите во наредните недели да се постави основа за разговори меѓу Иран и западните земји за иранската нуклеарна програма.
Директорот на иранската организација за атомска енергија Мохамад Еслами на почетокот на овој месец изјави дека има планови Гроси да го посети Иран и дека иранскиот амбасадор во МААЕ се сретнал со Гроси во рамки на подготовките за посетата.