Палестинските власти соопштија дека во израелските напади рано во вторник (24 септември) загинале најмалку седум лица во јужниот град Кан Јунис во Газа. Најмалку 15 други, меѓу кои жени и деца, се повредени во нападите, додаваат властите.
Израелската војска соопшти дека ќе стори „сè што е потребно“ за да го оддалечи Хезболах од границата на Либан со Израел. Израел и Хезболах разменуваат оган од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, организација која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка.
Болницата во центарот на Газа соопшти дека таму биле донесени телата на две деца убиени во израелски воздушен напад во вторникот.
Болницата Авда во бегалскиот камп Нусејрат соопшти дека нападот погодил група луѓе во блискиот камп Буреиј, а исто така биле ранети уште шест Палестинци.
Видете и ова: Либан соопшти дека речиси 500 луѓе загинале во израелските воздушни нападиВо меѓувреме, Министерството за здравство на крајбрежната територија соопшти дека болниците во Газа примиле 12 мртви и 43 ранети Палестинци во последните 24 часа.
Вкупниот број на загинати во Газа од почетокот на војната на 7 октомври изнесува 41 467 лица и 95 921 ранети, соопштија здравствените власти.
Израел блокираше и бомбардираше големи делови од Појасот Газа во војната започната откако палестинската милитантна група Хамас, започна напади врз Израел, на 7 октомври 2023 година, во кои загинаа повеќе од 1200 луѓе.