Пакистанските Талибанци на 23 септември негираат вмешаност во бомбашкиот напад претходниот ден врз полициски конвој кој ги придружувал странските амбасадори во немирниот северозапад на земјата.
Еден офицер беше убиен, а четворица беа ранети во нападот со бомба покрај патот на 22 септември, кога полициско возило придружуваше десетина странски дипломати на деловен состанок во областа Сват.
Во конвојот имало дипломати од Русија, Узбекистан, Туркменистан, Казахстан, Босна и Херцеговина, Виетнам, Етиопија, Руанда, Зимбабве, Индонезија и Португалија.
Дипломатите беа на враќање од настан организиран од локални бизнисмени за промовирање на туризмот во областа Сват. Некогаш упориште на Талибанците, Сват доживеа пораст на нападите поврзани со исламскиот милитаризам.
Нападот наиде на остра осуда од пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, премиерот Шехбаз Шариф и други официјални лица.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Мохамед Курасани, портпарол на пакистанските Талибанци, познати како Техрик-е Талибан, негираше дека ја активирал подметната експлозивна направа што го погодила полициското возило што го придружуваше конвојот.
Видете и ова: Конвој со странски дипломати нагази на мина во ПакистанНападот на 22 септември се случи неколку месеци откако бомбаш-самоубиец во северозападниот дел на Пакистан удри со својот автомобил наполнет со експлозив во возило, убивајќи пет кинески државјани и нивниот пакистански возач во Шангла, област во провинцијата Хајбер Пахтунхва.
Кинеските жртви беа градежни работници и инженери кои работеа на браната Дасу, најголемиот хидроенергетски проект во Пакистан. Оттогаш, Пакистан ја засили безбедноста на странците и пратениците кои патуваат во регионот.
Пакистанските контратерористички сили одржуваат силно присуство во долината Сват, која долго време беше жариште на исламистичките милитанти. Милитантите ги засилија своите напади од крајот на 2022 година, откако го прекршија примирјето со владата.
Во 2012 година, исламистичките милитанти ја застрелаа и ја раниле добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи во долината Сват.