Расел Бентли, човек од Тексас, кој како „Каубој од Донбас“ се прослави затоа што им се придружил на силите поддржани од Русија во источна Украина, бил мачен пред да биде убиен во украинскиот град Доњецк окупиран од Русија, соопштија руските власти.
Тие исто така рекоа дека неговите наводни грабнувачи се обиделе да ја прикријат смртта детонирајќи автомобил во кој се наоѓало неговото тело.
Во соопштението објавено на 20 септември, Истражниот комитет наведе дека четворица членови на руските вооружени сили, Виталиј Вансјацки, Владислав Агалцев, Владимир Бажин и Андреј Јорданов, биле обвинети во врска со смртта на Бентли во април.
Видете и ова: Зеленски: Околу 40 000 руски војници се пренасочени од Украина кон КурскБентли (64) беше вклучен и во рускаиот упад на ниско ниво во Украина, која датира од 2014 година.
Нарекувајќи се себеси каубој од Донбас, Бентли стана популарна личност на руските пропагандни мрежи поради неговата критика кон американската влада.
Бентли исчезна во Доњецк во април.
Маргарита Симонјан, водечката руска про-Кремљ новинарка и главен уредник на телевизијата РТ контролирана од државата, напиша на Х во тоа време дека Бентли умре за „нашиот народ“ во Доњецк.
Командантот на баталјонот „Восток“ на сепаратистите поддржани од Русија, Александар Ходаковски, тогаш на Телеграм рече дека „оние кои го убиле Расел Бентли“ ќе се соочат со „казна“. Но, пораката беше отстранета од Телеграм набрзо откако беше објавена.
Сопругата на Бентли, Људмила, тогаш тврдеше дека руски војници од тенковски баталјон го киднапирале.
Според Истражниот комитет, Вансјацки, Агалцев и Јорданов го мачеле Бентли на 8 април, а тој умрел набргу потоа.
Видете и ова: Русија и Украина разменија 206 воени заробеници, борбите продолжуваатВансјацки и Агалцев се осомничени дека разнеле автомобил со телото на Бентли во него и му наредиле на Бажин да се ослободи од она што останало од неговите останки.
Четворицата мажи се обвинети за злоупотреба на службената должност, тортура што довела до смрт, сквернавење на тело и заговор за криење на телото.
Истражниот комитет не прецизираше зошто четворицата мажи го мачеле Бентли до смрт, но многу негови пријатели во Доњецк сугерираат дека Тексашанецот можеби бил помешан за шпион.
Бентли се борел за баталјонот Восток помеѓу 2014 и 2017 година и добил руско државјанство во 2021 година.