Иран го евакуираше својот амбасадор од Либан и 95 други пациенти по повредите здобиени во експлозии на пејџер, соопштија официјални лица.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи го посети повредениот дипломат Мојтаба Амани во болница во Техеран на 19 септември.
Државните медиуми првично објавија дека Амани претрпел „лесна повреда“ откако стотина пејџери експлодираа на 17 септември. Либанската милиција Хезбалах, назначената терористичка група која беше цел на експлозиите е најважниот недржавен сојузник на Иран.
Вториот бран на комуникациски уреди овој пат воки-токи беа разнесени на 18 септември.
Израел јавно не ја призна одговорноста, но нашироко се претпоставува дека земјата стои зад координираните експлозии.
Видете и ова: Експлозиите во Либан - нова фаза во непријателстватаВо експлозии на воки-токи уреди во Либан, девет лица загинаа, а повеќе од 300 се ранети, објави либанското Министерство за здравство на 18 септември.
Повикувајќи се на безбедносни извори и изјави на очевидци, агенцијата Ројтерс пренесе дека експлозиите на рачните радио уреди што ги користи милитантната вооружена група Хезболах, се случиле во јужните предградија на Бејрут, Либан.
Ова се случува еден ден по експлозиите на пејџери во Либан, при што загинаа најмалку 12 лица, а околу 2.800 беа повредени. Се верува дека многу од нив се борци на Хезболах, милитантна вооружена група поддржана од Иран.