Украинскиот премиер Денис Шмихал се надева дека ќе се одржи втор мировен самит на кој ќе учествуваат поголем број земји отколку на сличниот ваков настан што беше организиран пред три месеци во Швајцарија, а чија цел беше да се стави крај на војната со Русија.
На својата прва прес-конференција по реконструкцијата на Владата минатата недела, Шмихал денеска (10 септември) изрази надеж дека следниот мировен самит може да се одржи на крајот на годинава и на него да учествуваат најмалку 150 земји.
Како дел од напорите за прекин на огнот, на барање на Киев мировниот самит во Швајцарија се одржа во јуни и од него 80-земји учеснички повикаа територијалниот интегритет на Украина да биде основа за секој евентуален мировен договор во иднина.
На самитот не беа поканети руски претставници, кои Киев ги обвини дека се несериозни и не се подготвени за можните мировни преговори.
Видете и ова: Голем украински напад со дронови во московската областКина, која дипломатски ја поддржува Русија откако нејзиното партнерство со Москва беше потпишано неколку недели пред руските трупи масовно да влезат во Украина, одби да присуствува на тој собир.
Пред настанот во Швајцарија, рускиот претседател Владимир Путин излезе со свои услови за прекин на огнот кои вклучуваа и целосно предавање на четирите региони за кои Русија тврди дека ги присвоила во 2022 година.
Се тврди дека руските сили контролираат околу една петтина од територијата на Украина, вклучувајќи го и полуостровот Крим окупиран и анектиран во 2014 година. Руските сили во неколку наврати организираа и избори во окупираните украински делови, кои меѓународната заедница не ги признава, вклучително и изборите од минатиот викенд.
Украина, пак, ја презеде контролата на околу 1.200 квадратни километри руска територија откако на почетокот на август беше извршен ненадеен упад во јужниот дел на рускиот регион Курск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави на Украина не и е потребна руска територија, но оти целта на украинскиот упад во Курск била да се заземат руска територија и војници кои во иднина би се користеле за размена со Кремљ.
Видете и ова: Путин тврди дека упадот на Украина во Русија не влијаел на воените целиЗеленски постојано ги отфрла извештаите за меѓународен притисок со кој би се натерал Киев да се откаже од надежите за враќање на контролата на целата своја територија во замена за мир.
На 10 септември, руските медиуми го цитираа поранешниот руски министер за одбрана и актуелен секретар на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу, кој рече дека нападот врз Курск имал намера да го одвлече вниманието на Москва од нејзините цели во источна Украина. Но, рече тој, руските сили ја продолжуваат својата офанзива.