Претходната директорка на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска незаконски им ги откажала договорите на 129 вработени кои пота потпишале нови, но за повисоки плати, но тоа бил направено по распишувањето на изборите, изјави актуелната директорка на УЈП Елена Петрова на 2 септември.
Петрова вели дека „кризната ситуација“ во УЈП настанала откако Државниот инспекторат за труд извршил инспекциски надзор и ја утврдил незаконитоста, со што сега вработените ќе траба да ја вратат разликата од повисоките плати кои ги примале од февруари наваму, а станува збор за сума 18 милиони денари бруто, што е околу 300 илјади евра.
Вработените ќе треба да ги вратат нето сумите од разликите, а ќе се отвори и постапка да бидат враќани и делот од парите кои оделе во фондовите. Постапка за случајот има отворено и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), наведе Петрова.
Видете и ова: Антикорупциска бара кривична одговорност за распоредувања на 978 вработени во УЈП„Поништувањето на оваа одлука сега значи поништување на сите нејзини правни последици, тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишувањето на изборите, што има свое влијание и врз платите на одредени вработени кои добиле повисока плата со промена нивниот статус. Најмногу засегнатите вработените во УЈП сега се изложени на трпење последици од одлуката на претходната директорка на УЈП, но вработените во УЈП се најмалку одговорни за настанатата криза“, рече Петрова.
Таа додаде дека во моментов јас треба да ја изврши наредбата на трудовиот инспекторат со која ѝ се наложува поништување на одлуката со која претходната директорка на УЈП Лукаревска. Петрова рече дека Лукаревска во месец февруари ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП и им наредила да продолжат да работат до склучувањето на нови договори според новите интерни правилници.
„Согласноста од Министерството за информатичко општество и администрација за овие правилници била издадена врз основа на своевидна манипулација и вметнување на работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Согласноста е издадена истиот ден на 9 февруари кога министерот кој ја потпишал бил разрешен, што е морален и политички хазард.