Во период кога се дебатира за наметнатите ограничувања за оружје од Западот, чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски, порача дека Украина има право да се брани, вклучително и со напади на руска територија.
Сепак, тој призна дека сојузниците на Прага кои обезбедуваат најсофистицирано оружје се соочуваат со „стратешки дилеми“.
Говорејќи на вториот ден од безбедносната конференција Глобсек во Прага на 31 август, највисокиот чешки дипломат, исто така, генерално призна дека има „многу тешкотии и многу разлики“ за да се осигури дека сојузниците се на иста страна.
„Чешка има многу едноставна позиција: Украина е жртва на агресија, а според Повелбата на ОН има право да се брани од агресори“, изјави Липавски за РСЕ.
Видете и ова: Бројот на загинати во рускиот напад во Харкив се искачи на најмалку седум лица„Таа одбрана логично може да се одвива на територијата на агресорот. Тоа значи дека Чешка не поставува никакви ограничувања на системите што ги испорачува, ниту на оружјето или муницијата, на воената опрема што и се доставува на Украина“, додава тој.
На 30 август, чешкиот претседател Петр Павел и шефот за надворешна политика на ЕУ во заминување, Жозеп Борел, јавно повикаа на укинување на ограничувањата за тоа како Украина може да го користи донираното оружје.
Со оглед на тоа дека најмногу се зборува за наметнување ограничувања од САД и Германија, украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ги повикува нив и другите сојузници да преземат „одлучна акција“ и да и дозволат на Украина со оружјето што го добива од Западот да напаѓа воени цели подлабоко во Русија.
На почетокот на овој месец, Украина започна упад на руска територија, а Зеленски рече дека Русија „мора да почувствува што направила“.
„Од друга страна, да бидеме реални дека најсофистицираните системи за оружје, кои можат да имаат голем дострел или едноставно може да го стават добавувачот во одредени стратешки дилеми, не доаѓаат од Чешка. Тоа значи дека ние не се соочуваме со прашањата што ги имаат некои од нашите сојузници, на пример“, рече Липавски во Прага.
Видете и ова: Борел ги повика сојузниците на Украина да ги олеснат ограничувањата за употреба на оружјеИако Москва инсистира дека не цели кон цивили, во досегашната две и полгодишна инвазија, руските воздушни бомбардирање ја уништија украинската енергетска и друга инфраструктура и одзедоа голем број цивилни жртви.
„Подобро е авион со проектил или бомба да не ни полета, отколку да полета и да се обидете да соборите авион или проектил што ја таргетира [Украина]. Мислам дека тоа е логично и Русија нема никакви права што може да и ги наметне на Украина“, рече Липавски.
Липавски рече дека чешката позиција е „апсолутно јасна и Чешка се обврзува да ја поддржува Украина воено, хуманитарно и политички сè додека е неопходно Украина да победи“.
Но, тој призна дека одржувањето на „солидарност“ е предизвик дури и меѓу земјите од централна Европа, држејќи ги на страна сојузниците како Унгарија и Словачка.
„Мораме да работиме на тоа. Не е лесно. Тука има многу тешкотии и многу разлики. Но, ова е задачата, да ги задржиме што е можно поблиску“, рече Липавски.