Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со што ќе се овозможи зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година, ја помина владината процедура и наскоро ќе биде пред пратениците во Собранието.
„Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади кое ги предложи законските измени.
Видете и ова: Повисоки пензии со нови заеми или зголемување на старосната границаМинистерството посочува дека целта на предложените измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите
Инаку околу 164 милиони евра годишно треба да издвои Владата од буџетот за да го обезбеди линеарното покачување од 2.500 денари месечно за сите приматели на пензии во Северна Македонија.
Ако покачувањето од март биде удвоено на вкупно 5.000 денари според ветувањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ќе бидат потребни над 330 милиони евра. За да се реализира оваа мерка државата или ќе мора да се задолжи со кредити, или пак, ќе треба да биде зголемена и старосната граница за пензионирање.