Преговорите за прекин на огнот во Газа во Египет ќе продолжат на пониско ниво

Илустрација

Без конечен договор заврши рундата преговори на високо ниво во Каиро на која требаше да се постигне договор за прекин на огнот и размена на заложници за привремено ставање крај на 10-месечната војна Израел-Хамас во Газа, изјави американски официјален претставник.

Разговорите ќе продолжат на пониски нивоа во наредните денови во обид да се премостат разликите.

Официјалниот американски претставник, кој побара да остане анонимен, истакна дека „работните тимови“ од пониско ниво ќе останат во Каиро за да се сретнат со посредниците од САД, Катар и Египет со надеж дека ќе се решат преостанатите несогласувања.

Според него неодамнешните разговори, кои започнаа во четвртокот во Каиро и продолжија до недела, биле „конструктивни“ и додаде дека сите страни работат на „постигнување конечен и спроведлив договор“.

Видете и ова: Израел и Хезболах се приближуваат до конфликт кој не го сакаат


Во разговорите беа вклучени директорот на ЦИА Вилијам Барнс и Дејвид Барнеа, како и шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад. Делегацијата на палестинската група Хамас, која САД и ЕУ ја прогалсија за терористичка организација, беше информирана од египетските и катарските посредници, но не учествуваше директно во преговорите.

Развојот дојде откако Израел и либанската милитантна група Хезболах разменија силен оган рано рано во неделата, но се повлекоа од предизвикувањето сеопфатна војна, бидејќи двете страни сигнализираа дека нивната најинтензивна размена во последните неколку месеци е завршена.