Иран тврди дека не бара ескалација во односите со Израел, но и дека не се плаши од таква можност. Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на 25 август во во разговор со неговиот италијански колега Антонио Тајани. Тој му посочил дека „за разлика од Израел, неговата земја „не бара“ ескалација, но „не се плаши“ од тоа.
Тој рече дека Техеран ќе даде „одмерен и добро пресметан“ одговор на убиството во Техеран на 31 јули на Исмаил Ханије, политичкиот водач на палестинската група Хамас која ЕУ и САД ја прогласија за терористичка организација.
Видете и ова: Израел и Хезболах се приближуваат до конфликт кој не го сакаатИран и неговите сојузници го обвинуваат Израел за убиство на Ханије, но Израел ниту ја презеде ниту негираше одговорноста за убиството. Аракчи инсистираше на тоа дека Иран „дефинитивно“ ќе одговори на израелскиот „терористички напад во Техеран“.
Израел и неговиот либански непријател, милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, инсистираат на тоа дека не сакаат конфликт од целосен обем, но продолжуваат да преземаат чекори во тој правец. На Блискиот Исток со недели владее тензија во очекување на напад врз Израел, не само од Хезболах, туку и од Иран.