Германскиот канцелар Олаф Шолц престојува во официјална посета на Молдавија на 21 август, каде што според најавите треба да разговара со претседателката Маја Санду и премиерот Дорин Речеан. Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и прашањата за безбедносната политика.
„Ќе се разговара и за влијанието на руската агресивна војна против Украина врз Република Молдавија“, се наведува во соопштението на германската влада, додавајќи дека пристапот на Молдавија во Европската Унија и поддршката на Берлин за Кишињев за време на пристапниот процес, исто така, ќе бидат дискутирано.
Видете и ова: Со бесплатни патувања Русија ја „купува“ љубовта на младите МолдавциМолдавија цврсто застана на страната на Западот во осудата на руската инвазија на Украина и во текот на последните две години прими десетици илјади украински бегалци.