Израел се согласи да ги продолжи преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои таму ги држеше палестинското движење Хамас, кое ЕУ и САД го прогласија за терористичка организација.
Ова доаѓа по интервенцијата на САД, Египет и Катар, кои ги предупредија двете завојувани страни дека „нема повеќе време за губење или изговори“ и дополнително одложување.
„По предлогот на САД и посредниците, Израел на 15 август ќе испрати делегација преговарачи на локацијата кадешто ќе се договорат деталите за конкретизирање на договорот“, соопштија од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Видете и ова: Ал-Синвар е новиот лидер на Хамас, Хезболах му го честиташе изборотДо ова доаѓа во период кога продолжуваат борбите во Појасот Газа.
Во изминатите 10 месеци, колку што трае војната во Газа, Израел и Хезболах разменуваат напади речиси секојдневно. На окупираниот Западен Брег, израелски оган за време на воените вежби убил 10 Палестинци, меѓу кои четворица тинејџери, а уште 10 биле повредени, соопштија палестинските власти.
Напорите ширум регионот продолжуваат со цел да се спречи војната да влезе во фаза на поширок конфликт, откако минатата недела беа убиени висок командант на Хезболах во Либан и највисокиот политички лидер на Хамас, Исмаил Ханије.