Американската мрежа ABC објави дека и Доналд Трамп и Камала Харис се согласиле на претседателска дебата на 10 септември.
„Потпретседателката Харис и поранешниот претседател Трамп ни потврдија дека ќе учествуваат во дебатата на ABC“, објави телевизијата.
Претходно, на 8 август, на прес-конференција во Флорида, Трамп предложи да се одржат три дебати со Харис во текот на септември.
Трамп требаше да одржи втора дебата со актуелниот претседател Џо Бајден, кој се повлече од трката за втор мандат.
Американската потпретседателка Камала Харис официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија на 5 август, како резултат на онлајн гласањето на Демократскиот национален комитет.
Видете и ова: Харис и официјално е претседателски кандидат на демократите во САДТаа е првата Афроамериканка и јужноазиско-американска жена која стана кандидат на голема американска партија за кампања за Белата куќа.
Нејзиното назначување за претседателски кандидат следуваше по лошиот настап на американскиот претседател Џо Бајден во дебатата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во јуни.
Видете и ова: Бајден и Трамп, во ТВ дебатата, се судрија за руско-украинската војнаТој настап ја разниша довербата на неговите поддржувачи во неговите можности за реизбор за втор мандат и поттикна внатрепартиско несогласување околу тоа дали тој треба да остане во трката.
Штом Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка, Харис и нејзиниот тим почнаа да работат за да ја добијат поддршката од партиските делегати, неопходна за номинација на онлајн партиското гласање.