Украинската амбасада во Мексико побара од владата да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку тој присуствува на инаугурацијата на новоизбраната претседателка, Клаудија Шејнбаум, на 1 октомври.
„Веруваме дека мексиканската влада ќе ја исполни меѓународната потерница со тоа што ќе ја предаде на судот на ОН во Хаг“, нагласуваат од амбасадата, во соопштението од 7 август.
Дипломатите истакнуваат дека Путин е воен злосторник за кој има налог за апсење, издаден од Меѓународниот кривичен суд во март 2023, чија јурисдикција Мексико ја признава.
Додаваат и дека Амбасадата на Украина во Мексико ја разбира поканата на владата за инаугурацијата на претставници на сите земји со кои има дипломатски односи и се заблагодарува за поканата испратена до претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Видете и ова: Клаудија Шејнбаум победи на претседателските избори во МексикоВо март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на Путин и Лвова-Белова, руска комесарка за права на децата. Тие се осомничени за извршени воени злосторства - насилни депортации и раселување на населението, вклучително и деца, од окупираните територии на Украина. Според официјалните податоци на украинските власти, од 24 февруари 2022 година од Украина во Русија биле депортирани околу 20 илјади деца.