Јехја ал-Синвар, шефот на Хамас во Појасот Газа, е избран за лидер на Хамас, група која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.
Хамас е обвинет дека ги организираше нападите на 7 октомври во јужен Израел во кои загинаа околу 1200 луѓе, главно цивили, а околу 250 луѓе беа заложници.
Либанската шиитска организација Хезболах му го честиташе изборот на Јехја ал Синвар.
„Назначувањето на Ал-Синвар за шеф на политичкото биро на организацијата е доказ за неуспехот на Израел. Израел не беше во можност да ја постигне својата цел - убиство на водачи и функционери на Хамас“, се вели во соопштението од Хезболах.
Од Хезболах додаваат дека Хамас исто така испрати „силна порака“ до Израел и неговите сојузници, бидејќи беше обединет во своите одлуки и остана непоколеблив „по патот на отпорот и борбата“.
Видете и ова: Лидерот на Хезболах најави „силен и ефективен“ одговор по смртта на воениот лидерПо убиството на шефот на Хамас за надворешни работи Исмаил Ханије, исламистичката терористичка група го назначи Ал Синвар за нов водач на организацијата во вторникот вечерта.
Живее на непозната локација во Појасот Газа, а постои сомневање дека се крие во тунелите на организацијата под крајбрежната област. Неговиот претходник Ханије беше со седиште во катарската престолнина Доха и се сметаше за главен дипломат на Хамас. Хезболах е сојузник со Хамас во Појасот Газа, а и двете организации се сојузници на Иран.
Видете и ова: Убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, Хамнеи ветува одмаздаХаније беше убиен пред речиси една недела додека беше во посета на Техеран на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.
Иран и неговите сојузници ветија остра одмазда против Израел како одговор, предизвикувајќи стравувања од поширока регионална војна.