Русија ја започна третата фаза од вежбите за подготовка за распоредување на тактичко нуклеарно оружје, соопшти во среда (31 јули) Министерството за одбрана.
„Во согласност со одлуката на претседателот на Руската Федерација, започна третата фаза од вежбите на нестратешките нуклеарни сили“, се вели во соопштението на Министерството за Телеграм.
Оттаму додаваат дека војниците од јужниот и централниот воен округ ќе вежбаат распоредување на лажни боеви глави за оперативните и тактички ракетни системи Искандер-М и тајно ќе ги преместуваат на локации за лансирање.
„Сегашната фаза на вежбата е насочена кон одржување на подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на Русија за извршување на борбени мисии“, соопшти Министерството, пишува Ројтерс.
Видете и ова: Пентагон вели дека Русија „најверојатно“ распоредила антисателитско оружје во вселенатаРусија ја одржа првата фаза од вежбите во мај, а Белорусија се приклучи на втората во јуни.
Москва вели дека Соединетите Држави и нивните европски сојузници го туркаат светот на работ на нуклеарен конфликт со испраќање на оружје во вредност од милијарди долари во Украина, од кои некои се користат на руска територија.
Видете и ова: Русија изведува тактички вежби на борбени авиони над БалтикотОткако испрати војници во Украина на 22 февруари 2022 година, претседателот Владимир Путин постојано изјавува дека Русија може да користи нуклеарно оружје за да се одбрани во екстремни ситуации, кои Западот генерално ги нарекува „играње со оружје“.