Пожарите во светиниколско изгореле околу 40 куќи, поголем дел се напуштени

илустрација

Околу 40 куќи, од кои поголем дел се стари, но и нови, кои се живеалишта на жителите во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од пожарите, кои брзо се ширеа поради ветерот. Овие се првичните проценки на штетети според градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Тој за МИА вели дека претпладнево нема опасност огнот да влезе во населени места, но горат површини со земјоделски култури.

Видете и ова: Прва жртва на пожарите, горат куќи во дванаесет села, се евакуира население

Посочува дека во текот на ноќта брзо е интервенирано од страна на сите сили и огнот од селото Ерџелија е држен на растојание од околу еден и пол километар.

Во Светиниколскиот регион денеска на пожарите се интервенира и од земја и од воздух.

Инаку вчера едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, најверојатно задушено од чад, во пожарот што го зафати ова село. Во светиниколското село Орел изгореа кучи, а беа евакуирани и жители на погодените села.