Бугарија за внатрешно – политички потреби ја политизира најавата на Владата за пренамената на средствата за изградбата на пругатата кон Бугарија, смета премиерот Христијан Мицкоски. Одлуката вели дека се темели, на чисто инженерски проблем, бидејќи од бугарска страна не постои јасен проект.
„Жалам што повторно за нивни внатрешно – политички потреби тие прават политика од сето ова. Ова е инженерски проблем, нема врска со политика. Сакаме да го направиме Коридорот 8, прв сум за тоа, но да биде како што треба. Неодговорно е да влеземе во авантура во која што не се знае дали ќе има крај и кога ќе биде крајот. Не сакаме да ни случи новиот автопат Охрид – Кичево само сега во овие 24 километри, рече меѓу другото Мицкоски.
Официјална Софија изрази доза на вознемиреност и посочи дека ги следи изјавите на официјални македонски политичари насочени кон кршење на меѓународните обврски на инфраструктурно поврзување. Зголемената вознемиреност доаѓа после на најавите дека Скопје ќе бара од Европската банка за обнова и развој да ги пренасочи европските пари за изградба на железничката компонента од Коридорот 8 за брза пруга на Коридорот 10.
Во соопштението на владата на Бугарија се вели дека токму Коридорот 8 е клучна логистичка рута долж јужното крило на НАТО со кое се поврзуваат Црното и Јадранското Море. Поради ова неговата изградба е од големо значење во актуелниот геополитички момент, а затоа одбивањето да се изградат главните компоненти ја ослабнува колективната безбедност на НАТО-алијансата, пишува во соопштението од бугарската Влада.
Истакнуваат дека модернизацијата и завршувањето на железничката компонента се дел од националната програма „Транспортно поврзување 2021-2027 година“.
Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан минатата недела во изјава за бугарски медиум искоментира дека европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но оти според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување и дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10.
Видете и ова: Релациите со соседите само на маргините на самитот на НАТО„Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење“, вели Сарацин
Според Мицкоски пак среќа е што се случила промената па може се уште да се превенира. Истакна дека го побарале проектот од бугарска страна, но нема таков. Ги повика да се заврши за да биде континуитет до Црното Море, како што предвидува стратешкиот коридор, стратешки и за НАТО Алијансата од Црното Море преку Бугарија, од кај нас, Албанија до Италија, рече Мицкоски.
„Ајде да биде како што треба и мислам дека ќе наидеме на разбирање“, истакна тој.
Во однос на намерата за пренамена на средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој и од ЕИБ земен од претходната Влада, за изградба на пругата кон Бугарија, која завршува во тунел, тој очекува разбирање од кредиторите.