Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши потврди дека против него е поднесена кривична пријава за дело поврзано со спроведување на изборите кои се одржаа во мај оваа година. Ова доаѓа откако во билтенот на Министерството за внатрешни работи осамна известување дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, без да се посочи за кого станува збор.
Според министерството Бектеши се сомничи за сторено кривично дело „попречување на правдата“.
„На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“, се вели во билтенот на МВР.
Видете и ова: Искри во „медениот месец“ на владината коалицијаДенеска Бектеши ја објави и пораката која ја испратил до началникот, но и контекстот зошто била испратена.
„На 7 мај во својство на координатор на ’Европскиот фронт’ во ИЕ 5 добив информација од штабот во Охрид дека на денот на изборниот молк бил проверен шефот на штабот и членовите на штабот од страна на СВР-Охрид, што е директна интервенција во изборниот процес. Имајќи предвид дека должноста на раководителот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори, подолу е пораката што ја испратив како човек кој има одговорност и за изборниот процес, рече Бектеши објавувајќи дека напишал порака со содржина:
„Секоја Ви чест. Јаки сте. Срамота треба да Ви е, што се занимавате со млади луѓе, пишува во пораката испратена на 7 мај.
Обвинувања за Бектеши од неговата матична партија ДУИ ги квалификуваа како неосновани кои имаат за цел дискредитација на партијата и нивните претставници. Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека добро е што Бектеши призна дека правел притисок, и повикаа обвинителстсвото и судството да постапат.