Руското Министерство за правда на 25 јули прогласи 55 организации регистрирани во странство како „екстремистички“ поради нивната поврзаност со забранетото Антируско сепаратистичко движење, групација која не постои.
Наведените организации се залагаат за самоопределување на етничките републики и региони во рамките на Руската Федерација. На пример една група на списокот е Фондацијата Слободна Русија, која беше основана од руската опозиција и активисти за права во егзил.
Минатата година, Русија назначи како „непожелни организации“ две движења регистрирани во странство - Лигата на слободните нации и Форумот на слободните народи на пост-руските земји.
Видете и ова: Што следува по Путин – мислења на експертиОд моментот на запишување во овој регистар, основачите на овие организации можат да бидат повикани на кривична одговорност за делото „Организација на активности на екстремистичка организација“.
Ова не е прв пат руските власти да обвинат суштински фиктивни структури за екстремизам. Ова се случи со „меѓународното ЛГБТ движење“, кое Врховниот суд на Руската Федерација го означи како екстремистичко на крајот на 2023 година.
Виножитото беше наведено како симбол на движењето. По оваа судска одлука, безбедносните сили почнаа со рации во ноќни клубови и приватни забави во Русија. И Русите почнаа да се апсат и казнуваат поради носење обетки со виножито.