Се одбележува 61 година од скопскиот земјотрес

Последици од скопскиот земјотрес на 26 јули 2024 година (фотоархива)

Во Скопје денеска со изложба и филмски проекции ќе биде одбележана 61. годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат достава на храна, а Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарни организации од многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

Видете и ова: 60 години по земјотресот, Скопје се соочува со нова „катастрофа“

На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание на дневен ред да стави точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје по што на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите Нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската Влада при реконструкцијата на Скопје.

Во сеќавање на земјотрест во текот на денешниот ден во главниот град ќе се одржат повеќе културни уметнички манифестации на таа тема.