Американското Министерство за правда на 17 јули објави дека 52-годишниот Русин Максим Марченко е осуден на три години затвор за шверц на голема количина на воена микроелектроника од Соединетите Држави во Русија.
Со тоа ги заобиколил санкциите што САД ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина.
Марченко, кој беше уапсен во септември 2023 година за време на операција на ФБИ во Фиџи, се изјасни за виновен пред судот во Њујорк во февруари по една точка од обвинението за перење пари и една од обвинението за шверц на стока од Соединетите Држави.
Тој и уште двајца Руси беа обвинети дека користеле лажни компании за прикривање на набавката на микроелектроника.
Видете и ова: Стејт департментот предупредува на санкции за оние кои соработуваат со компаниите на „црната листа“Според судските документи, Марченко учествувал во нелегална мрежа која купувала големи количини микроелектроника со двојна употреба од американски дистрибутери и ја испраќала стоката до крајните корисници во Русија.
„Овие производи се важни за воена примена бидејќи се користат за производство на оптички нишани, уреди за ноќно гледање и други уреди“, се вели во извештајот на Министерството.
Видете и ова: Милионски заработки на српски фирми преку заобиколување на санкциите за РусијаСпоред американските власти, Марченко управувал со неколку фиктивни компании во Хонг Конг. За да се сокрие од американските компании дека стоката е наменета за Русија, како крајни корисници се наведени Кина, Хонг Конг и други земји.
Во Соединетите Држави тој е обвинет по седум точки, вклучувајќи шверц, измама и перење пари, а веќе е прогласен за виновен по некои обвиненија.