Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
На прес-конференција во Владата таа информираше дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување.
Планирано е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари.
Видете и ова: Повисоки пензии со нови заеми или зголемување на старосната границаСпоред министерката, со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите, како што рече Димитриеска Кочоска, имало предвидени плати само до јуни.
„При подготовката на ребалансот се тргна од претпоставките колку средства може да се прераспределат од ставки кои бележат слаба реализација. Со прераспределбата се обезбедени 20 милијарди денари, а дополнителни 11 милијарди денари се планирани за покривање на доспеаните обврски и обврски кои биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира буџетскиот дефицит да се зголеми за 11,156 милиони денари“, истакна Димитриеска-Кочоска.
Таа потенцира дека првично проекитраниот БДП, потенцира, е неостварлив. Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 проценти. Од 2024 до 2028 државата само по основа на камати треба да исплати 1,800 милијарди евра.