Премиерот на Словачка се врати на работа два месеци по обидот за атентат

Словачка - Роберт Фицо, премиер на Словачка (лево), 8 јули 2024 година.

Словачка - Роберт Фицо, премиер на Словачка (лево), 8 јули 2024 година.

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека се вратил на работа во вторникот, речиси два месеци откако беше ранет од напаѓач.

Фицо (59) беше застрелан на 15 мај во град во централна Словачка и беше подложен на две операции.

Напаѓачот, идентификуван од словачките медиуми како Јурај Цинтулу (71), е во притвор и го чека судењето.

Словачките медиуми јавуваат дека Фицо, кој често е критикуван од Европската унија за неговите националистички тенденции, дошол на состанокот на својата влада преку тунел за да ги избегне новинарите.

„Почитувани прогресивни либерални медиуми и опозиција, се извинувам што преживеав, но се вратив“, напиша Фицо на Фејсбук, објавувајќи фотографија од неговиот кабинет.

Видете и ова: Обид за атентат врз словачкиот премиер Фицо - нападот бил „политички мотивиран“

Кога Фицо ја презеде функцијата минатата есен, Словачка одби да ја продолжи воената помош за Украина, која од 2022 година се бори против руската окупација.

Самиот Фицо ги поддржа мировните преговори со Русија.

Тој беше пуштен од болница на 31 мај, а за прв пат се појави во јавноста на церемонија во близина на Братислава минатиот петок.

Напаѓачот го застрела Фицо со четири куршуми од непосредна близина кога премиерот ги поздрави поддржувачите во централниот словачки град Хандлова на 15 мај.

Фицо (59) беше во тешка состојба и му требаше петчасовна операција. Напаѓачот, идентификуван како Јурај Ц.(71) беше приведен на лице место и обвинет за обид за убиство со умисла.

Приведениот осомничен за обидот на атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо тврди дека не сакал да го убие премиерот, туку дека сакал само да го повреди, затоа што не се согласувал со владините политики.