Во вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција на 7 јули, според првите проценки на излезните анкети, најмногу гласови доби левичарската коалиција Нов народен фронт пред таборот на претседателот Емануел Макрон и екстремната десница, така што ниту еден блок нема да има апсолутно мнозинство за независно владеење, пишува Франс прес.
Се гласаше за 501 пратеничко место во Националното собрание на Франција, кое има вкупно 577 пратеници.
Во првиот круг на 30 јуни беа избрани само 76 пратеници.
Екстремно десничарската партија „Национален собир“ влегува во парламентот со најголем број пратеници досега (помеѓу 115 и 155), но останува далеку од преземање на власта, објавувајќи разочарувачки резултат во споредба со нејзиниот пробив во првиот круг пред седум дена.
Видете и ова: Највисока излезност на изборите во Франција во последните 43 годиниСо 172 до 215 пратеници, според првите проценки на институтот за испитување на јавното мислење, левиот сојуз на Новиот народен фронт, кој го сочинуваат партии кои не се согласуваат по повеќе прашања, одеднаш станува водечка политичка сила во земјата.
Жордан Бардела, лидер на екстремно десничарската партија Национален собир, вечерва по изборите изјави дека неприродни сојузи ја турнале земјата во прегратките на крајната левица.
Во своето прво обраќање до поддржувачите по објавувањето на резултатите, Бардела го критикуваше „неприродниот“ и „нечесен сојуз“ кој, како што рече, го лиши францускиот народ од победа на Националниот собир.
„Вечерва овие сојузи ја фрлаат Франција во прегратките на екстремната левица на Жан-Лук Меланшон (лидерот на Новиот народен фронт, НФП)“, рече Бардела.
Француското претседателство соопшти дека претседателот Емануел Макрон во моментов ги анализира најновите изборни резултати и дека ќе почека да се комплетира сликата за пратеничките места пред да донесе дополнителни одлуки.
Видете и ова: Повеќе од 50 напади на политичари во изборната кампања во ФранцијаИзлезноста на гласачите до 16 часот беше 59,71 отсто, што е највисока излезност на парламентарните избори од 1981 година (61,4 отсто), со што левицата дојде на власт.
Од почетокот на кампањата, Франција е втурната во токсична атмосфера, обележана со навреди, физички напади на кандидати и расистички и антисемитски говори.
Во Франција во случај на протести ќе бидат мобилизирани 30.000 полицајци, од кои 5.000 во Париз. Многу сопственици на продавници во градовите ги заштитија своите излози.
Националниот собир и нивните сојузници освоија најмногу гласови во првиот круг пред седум дена (33 отсто), потоа левичарскиот совет на Новиот народен фронт со 28 отсто и таборот на претседателот Емануел Макрон со 20 отсто.
Изборите се одржаа во време на подготовките за Олимписките и Параолимписките игри во Париз, кои започнуваат на 26 јули.
Макрон го распушти парламентот и распиша избори на 9 јуни, по победата на Националното собрание на изборите за Европскиот парламент и лошиот резултат на неговата либерална партија Преродба.