Когнитивен тест не е неопходен за американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, по жестоката дебата во јавноста за здравствената состојба на актуелниот американски претседател.
„Тој знае како да возврати“, рече портпаролката на прес-конференција, по неодамнешниот разочарувачки настап на Бајден во дебатата против републиканецот Доналд Трамп.
Тој настап беше оценет како катастрофален.
Видете и ова: Бајден и Трамп, во ТВ дебатата, се судрија за руско-украинската војнаПортпаролката на Белата куќа додаде дека нема апсолутно ништо скриено за здравствената состојба на Бајден (81).
Претходно пратеникот на американската Демократска партија од Тексас, Лојд Догет, го повика Бајден да се повлече од претседателската трка, по споменатата ТВ дебата со Трамп.
И високата демократска функционерка Ненси Пелоси изјави дека е легитимно да се поставуваат прашања за здравјето на Бајден, кое долго време е под лупа на јавноста.