Спасена повредената тинејџерка која паднала во дол во близина на Струмица

Илустрација

Полицајци, пожарникари и лекари учествувале во извлекувањето на 16 годишно девојче кое паднало во дол во близина на струмичкиот манастри Свети Илија. Девојчето е извлечено и пренесено во струмичката болница со повреди на главата, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Видете и ова: Над 55 милиони евра вредна шума изгоре за пет години

Оттаму велат дека повикот за помош на 112 прво го упатила мајката која не знаела за точната локација, и по совет од операторите се јавила ќерката.

„Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат“, се вели во соопштението на Центарот за управување со кризи.