Новата власт во Северна Македонија се доведе во тешка позиција и треба да излезе од неа. Употребата на уставното име во писмена форма, но не и во усна, ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија, вели Метју Нимиц, кој беше медијатор на Обединетите нации во речиси тридеценискиот спор меѓу Атина и Скопје за името на Република Северна Македонија.
„Што ќе се случи ако треба да напишат една изјава употребувајќи „Северна Македонија“ и во продолжение да треба да ја прочитаат на глас? Ова политика не е одржлива долгорочно и нема да им дозволи да ја играат соодветната улога во светската заедница“, вели Нимиц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, пренесе МИА.
Видете и ова: Сириза: Го осудуваме новото прекршување на Договорот од Преспа од МицкоскиСпоред него, новата власт треба да посвети малку време да размисли мирно, без да дава многу изјави, за тоа која ќе биде нејзината политика во однос на Грција, на другите соседи, на ЕУ, а особено во внатрешноста на земјата, посочувајќи дека „извојуваа импресивна политичка победа, но таа поддршка лесно може да се изгуби“.
„Веќе немам никаква формална или неформална улога. Целосно се повлеков од јавниот живот. Но, ако треба да дадам препораки до Скопје, би ги повикал 80 отсто од својата енергија да ја фокусираат на спроведување внатрешни реформи во области како што се борбата против корупцијата, силно јавно управување, владеењето на правото, образованието, економскиот развој и конструктивни меѓународни односи. Исто така, да се опстои во напорите за влез во ЕУ и покрај разочарувањата“, вели Нимиц.
Со останатите 20 отсто од енергијата тој порачува новата Влада да се насочи кон решавање на отворените прашања со Бугарија, но и на „нормализирање на ненадејното нарушување на односите со Грција“ и на останатите регионални и пошироки надворешнополитички приоритети.
Пораките од Нимиц доаѓаат во период кога во Северна Македонија се формира нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер и иден премиер Христијан Мицкоски, вели дека во официјална комуникација ќе го користи уставното име на државата, но во неговите настапи дома и давањето изјави ќе го користи само името без придавката.
Видете и ова: Скопје и Атина пак „се фатија“ за иметоПрашањето околу името се актуализираше во односите меѓу Скопје и Атина и откако новата претседателка на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова при давањето заклетва на 12 мај не го употреби уставното име.
Метју Нимиц деновиве престојуваше во Грција каде се одржа меѓународна конференција за „Мир и одржлив развој“ на која ја доби наградата за мир, т.н. „Награда од Преспа“. Настанот, го организираа „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“ по повод шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор.
Владите на Зоран Заев (СДСМ) и на Алексис Ципрас (Сириза) го постигнаа и потпишаа Договорот од Преспа во јуни 2018 година.