Платформа на патриотизмот како знаење, професионализам и одговорност промовираа денеска лидерите на партиите од Коалицијата „Вреди“.
Ова доаѓа пред собраниската седница за избор на новата влада, па денеска беа пртставени и нивните министри, заменици министри и раководители на институции кои во наредниот четиригодишен период како дел од новата влада ќе ја почитувале нивната платформа.
„Заврши времето на демагогија, денеска се бараат образовани, искусни и храбри луѓе да бидат носители на сложени реформски птроцеси за да ја направиме нашата земја нормална, економски развиена и подготвена за интегрирање за интегрирање во ЕУ. Ќе се фокусираме на работата, почитување на институциите, олдговорност за преземената задача, исполнување на обврските навмремено и успешно, рече лидерот на Демократското движење Изет Меџити, кој во новата влада ќе биде прв министер за животна средина и просторно планирање.
Видете и ова: Влада на Мицкоски – само три жени министерки, вицепремиер близок до МоскваТој подвлече дека „Вреди“ е победник на парламентарните избори и е новиот политички фактор кој ги претставува Албанците. Вети дека правата на Албанците ќе продолжат да се гарантираат и штитат согласно Уставот и Рамковниот договор. При тоа Меџити најави дека балансерот како механизам за обезбедување правична застапеност ќе биде заменет со закон.
„Балансерот првично даде добри резултати, но во последните години има случаи каде многу често Македонци се запишуваат како Албанци, Албанци како Турци, не беше во функција на правичната засртапеност на заедниците што не се мнозинство во државата или на локално ниво. изјави за медиумите Меџити.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за в сабота (22 јуни) ја закажа седницата за избор на новата влада предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Почетокот на седницата е предвиден во 11 часот, а расправата во парламентот може да трае најмногу два дена.