Вработените во јавното здравство, кои повеќе од пет години работат без здравствено и пензиско осигурување да се приоритет на новата Влада, побараа денеска Независниот синдикат на здравствени работници и административен технички персонал (НСЗР) и Здружението на приватни лекари (ЗПЛРМ). Денеска се обрзаа на соработка со меморандум „Заедно сме посилни“.
„Немаат здравствено и пензиско осигурување, би требало тие да се приоритет и веднаш по формирањето на новата влада да се направи нешто, заедно со новиот министер за здравство, приватните доктори и со јавното здравство, да им се реши ситуацијата на овие луѓе, бидејќи ќе нѐ снајде уште еден егзодус од 1000 до 2000 вработени кои работат повеќе од 5 години, кои што се вработени за време на кризата, рече претседателот на НСЗР Боби Бојчевски на прес-конференција со претседателката на ЗПЛРМ, Лилија Чолакова.
Очекувањата, додаде Бојчевски, се дека со назначувањето на новиот министер за здравство ќе се решат проблемите на вработените, бидејќи како што рече, жално е за плата од 21.700 денари да држат цели одделенија во јавното здравство.
Видете и ова: Партиите ги избркаа добрите лекари„Го чекаме назначувањето на новиот министер и да се договориме за ситуацијата за приватните доктори, а исто и за вработените во јавното здравство. Очекуваме позитивна клима и ќе се реши овој проблем, бидејќи тие луѓе се вработени повеќе од 5 години со плата од 21.700 денари, тоа е срамно и жално, а држат цели одделенија во јавното здравство, како примарна медицина, вакцинација, лабаратории, физикални и така натаму, истакна Бојчевски.
Според статистиките на Македонското лекарско друштво, од 200-250 лекари секоја година ја напуштаат државата што е еднакво на бројот на студенти што се запишуваат на Медицинскиот факултети.
Предизбоно и приватните специјализанти го сатвија штрјкот во мирување. Во Северна Македонија се околу 400 на број. Земаат плата од 26 илјади денари или нешто повеќе од минималната и бараат таа да им се зголеми колку и на другите лекари како и да бидат редовно вработени, а не да работат под договор на дело. Овие неколку стотини лекари немаат ниту здравствено осигурување, ниту породилно отсуство.