Достапни линкови

Партиите ги избркаа добрите лекари


Протест на млади лекари, април 2024
Протест на млади лекари, април 2024

Асистирала на првата трансплантација на срце во Северна Македонија, но со години чекала вработување и да почне специјализација. Идниот кардиохирург Соња Граждани од Клубот на млади лекари, кои го кренаа својот глас и бараат достоинство и да им се вреднува трудот, во поткастот Зошто зборува со што се соочуваат младите лекари и здравството.

Младата лекарка Соња Граждани чекала три години да почне специјализација, а во меѓувреме работи на Клиниката за кардиологија. Работи рамо до рамо со специјалистите. Асистира и на операции, па дури и на отворено срце, а беше дел од тимот што ја направи првата трансплантација на срце во 2021 година.

Таа е една од младите лекари и приватни специјализанти кои го кренаа својот глас и на протести бараат достоинство и да им се вреднува трудот.

Доцна реагиравме во оваа ситуација, не требаше да се дозволи толку долго да трае. Поголем дел од специјалистите кои ги гледате на Клиниките се приватни специјализанти. Се водат инкогнито, не постојат официјално на Клиниката, а вршат повеќе работа отколку оној кој е вработен.

Соња Граждани, дел од тимот лекари што ја изврши првата трансплантација на срце во 2021
Соња Граждани, дел од тимот лекари што ја изврши првата трансплантација на срце во 2021

Младите лекари и специјализанти на Клиниките во Скопје се револтирани не само заради платата која е речиси еднаква на минималната, туку и за другите неправди. А приватна специјализација има само кај нас, тоа не постои во други земји.

Лекарите заминуваат од очај
please wait

No media source currently available

0:00 0:18:03 0:00
Директен линк

Специјализантите немаат ниту здравствено осигурување, ниту право на платено породилно отсуство.

Повеќето приватни специјализанти кога ќе се разболат не ни одат на прегледи, немаат здравствено осигурување. А даваат премногу. Немаат ни распоред колку саати треба да работат, по неколку дежурства неделно, од по 24 часа, а немаат ниту ден одмор. На свој грб ја носат целата Клиника. Не добиваат ништо, а даваат премногу.

Граждани вели дека во оваа ситуација е ризик и за пациентите затоа што лекарите специјалисти префрлаат многу работа на специјализантите, а тие практично не постојат во системот што значи и дека не можат да бидат одговорни за лекарска грешка. А грешките најчесто остануваат неказнети.

Објаснува дека сепак останала на Клиниката заради преголемата желба, но и можела тоа да си го дозволи затоа што имала помош од дома. Поминала и една година во САД каде специјализирала срцева слабост.

Повеќето се откажуваат од својот сон, и почнуваат да работат како општи лекари.

Најмногу фрустирира што вработувањата на клиниките се партиски.

Заради дискреционото право на министерот, се вработува оној кој што министерот смета дека треба да се вработи. Но наместо најдобриот се користи да се вработи оној со најслаби оценки, но со најсилни партиски врски. Тоа само ги фрустрира докторите“.

Соња Граждани гостинка во поткастот „Зошто“ со Сања Васиќ
Соња Граждани гостинка во поткастот „Зошто“ со Сања Васиќ

Не ја исклучува опцијата заминување во странство за 5,6 години, но верува дека ситуацијата ќе се промени ако постои желба. И дека може да се промени и преку ноќ. Како пример ги наведува Албанија и на Косово каде специјализантите се плаќаат по илјада евра месечно. Следен чекор би било зајакнување на меритократијата.

Верувајте многу би сакале да останат, но заминуваат заради очај, вели д-р Соња Граждани.

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај и Јутјуб и Ејпл. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјални мрежи.

  • 16x9 Image

    Сања Васиќ

    Новинарската кариера ја почнува во весникот „Нова Македонија“ во 1991, а потоа продолжува во телевизија Телма како уредник  и водител во информативната програма каде минува најголем дел од кариерата. Работела и во македонската редакција на Гласот на Америка во Вашингтон, била локален дописник на странски новински агенции, како и предавач и обучувач на медиумски проекти. Во Радио Слободна Европа е од јули 2022.

XS
SM
MD
LG