ЕУ ќе ги објави царините за кинеските електрични возила

Електричните возила од кинеската БУДчекаат на товарење на пристаништето Сужоу, 11 септември 2023 година.

Европската комисија(ЕК) оваа недела ќе ги објави царините што планира да ги воведе за кинеските електрични возила поради, како што наведе, преголеми субвенции, што најверојатно ќе предизвика остри зборови и можен одговор од Пекинг.

Помалку од еден месец откако Вашингтон четирикратно ги зголеми тарифите за кинеските електрични возила на 100 отсто, Брисел речиси сигурно ќе воведе далеку пониски царини за увоз од кинески производители, како и од западните производители кои извезуваат автомобили од Кина во Европа, како што е „Тесла“.

Европските производители на автомобили се соочуваат со евтини електрични возила од кинеските ривали.

Германските производители на автомобили се особено зависни од продажбата во Кина - и затоа се плашат од одговор од Пекинг - а европските автомобилски компании исто така ги увезуваат своите возила од кинеско производство.

Видете и ова: Бајден ги зголеми царините за кинеските електрични возила и други производи

Од друга страна, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, неколку пати изјави дека Европа треба да дејствува за да ја спречи Кина да го преплави пазарот со субвенционирани електрични возила.

Аналитичарите очекуваат царини меѓу 10 и 25 отсто.

Во увозот на електрични возила од кинеско производство доминираа западните производители на автомобили „Тесла“, „Рено“ и БМВ, додека Европската комисија предвидува дека уделот на кинеските брендови на електрични возила што се продаваат во ЕУ се зголеми на осум отсто (од помалку од 1 отсто во 2019 година) и може да достигне 15 отсто во 2025 година.