Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 31 мај рече дека воената алијанса мора да ја зајакне својата улога во поддршката на Украина во нејзината борба против неиспровоцираната инвазија на Русија. Тој јасно и стави на знаење на Москва дека западната поддршка за Киев ќе продолжи онолку долго колку што е потребно.
„Треба да се погрижиме Москва да разбере дека сме подготвени на долги патеки во нашата поддршка за Украина“, им рече Столтенберг на новинарите пред почетокот на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Прага.
На собирот на НАТО во чешкиот главен град, на кој присуствува и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, ќе се разговара за пакетот помош за Украина што ќе биде претставен на самитот на НАТО во Вашингтон во јули.
За време на состанокот на министрите, закажани се разговори за планот што Столтенберг го претстави во април за рамка со која одговорноста за воената и цивилната помош за Украина ќе се префрли од неформална група предводена од САД на формалните структури на Алијансата.
Видете и ова: Во Брисел средба на министрите за одбрана на ЕУ, во фокус помошта за УкраинаНАТО во моментов официјално не нуди смртоносни воени резерви на Киев. Поединечни земји-членки на НАТО ги канализираа испораките преку Контакт-групата за Украина (UCG), иницијатива со која претседава Соединетите Држави, позната неформално како Рамштајн група.
„Ќе се осврнеме на тоа како да ја одржиме и засилиме нашата поддршка за Украина, а јас предложив НАТО да игра поголема улога во координацијата на обезбедувањето безбедносна помош и обука за Украина. Исто така, предложив мулти- годишно финансиско ветување да обезбедиме поголема одговорност и предвидливост во поддршката што ја даваме за Украина“, рече Столтенберг.
Министрите, исто така, најверојатно ќе дебатираат дали да му се дозволи на Киев да користи оружје обезбедено од Запад за да напаѓа цели во Русија. Соединетите Држави и Германија беа против да се дозволи таков потег, додека Британија и Франција беа за.
Видете и ова: Макрон - на Украина треба да и се дозволи да гаѓа цели во РусијаНо, на 30 мај, неколку американски функционери запознаени со ова прашање изјавија за медиумите дека претседателот Џо Бајден и дал зелено светло на Украина да користи американско оружје за да нападне внатре во Русија со ограничена цел да го брани источниот град Харкив, кој се наоѓа на некои 35 километри од руската граница и е мета на напади во последните недели од внатрешноста на Русија.
Столтенберг на 31 мај повтори дека сојузниците треба да размислат за укинување на ограничувањата за употреба на оружје на НАТО од страна на Украина за погодување цели на руска територија, бидејќи тоа е дел од правото на Киев на самоодбрана.
Во последниве месеци, Русија започна со воздушни и копнени напади против Украина, која се бореше со недостиг на муниција. Киев се заложи за забрзување на испораката на муниција и, исто така, побара да му биде дозволено да користи оружје со поголем дострел, кое доаѓа со ограничувања за нивната употреба на руска територија.